Вкупниот број на смртни случаи директно или индиректно поврзани со пандемијата на Ковид-19 помеѓу 1 јануари 2020 година и 31 декември 2021 година изнесува околу 14,9 милиони, покажува новата студија објавена денеска од Светската здравствена организација (СЗО), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Овие податоци не само што укажуваат на влијанието на пандемијата, туку и на потребата сите земји да инвестираат во поотпорни здравствени системи кои можат да ги одржат основните здравствени услуги за време на кризи, вклучително и посилни здравствени информациски системи“, рече шефот на СЗО, Тедрос Гебрејесус.
Вишокот на смртност се пресметува како разлика помеѓу бројот на смртни случаи и очекуваниот број без пандемија проценета врз основа на податоците од претходните години. Оваа бројка вклучува смртни случаи директно поврзани со Ковид-19 поради болест или индиректно поради влијанието на пандемијата врз здравствените системи и општеството.
Смртните случаи кои се индиректно поврзани со Ковид-19 може да се припишат на други здравствени состојби во кои луѓето немале пристап до превенција и третман поради системите кои биле преоптоварени со пандемијата.
Поголемиот дел од прекумерниот број на смртни случаи, 84 отсто, е концентриран во Југоисточна Азија, Европа и САД, а 64 отсто во само 10 земји. Во земјите со среден приход, 81 отсто од 14,9 милиони смртни случаи се регистрирани за 24 месеци.
извор: Агенција Анадолија (АА).