Светската здравствена организација (СЗО) ги повикува училиштата да ги заштитат децата од штетните влијанија врз здравјето од употребата на тутун преку создавање зони без никотин и тутун во нивните кампуси.
Тутунот убива повеќе од 8 милиони луѓе секоја година, повеќето во земјите со низок и среден приход, кои сочинуваат околу 80% од 1,3 милијарди корисници на тутун во светот.
Здравствената агенција на Обединетите нации известува дека приближно половина од децата во светот дишат воздух загаден од чад од тутун и дека околу 51.000 деца годишно умираат од болести поврзани од пасивното пушење.
„Младите луѓе не се загрозени само од пасивното пушење“, рече Керстин Шот, медицински службеник во СЗО.
„Тие се, исто така, агресивно мета на тутунската и сродните индустрии и нивните смртоносни производи“.
Бидејќи повеќе од половина од сите пушачи умираат предвреме, а во обид да го задржат профитот високо, рече таа, тутунската индустрија „се обидува да ги замени сите клиенти што ги губат со регрутирање нови корисници“.
VOA