Силен ветар оштети покрив на средното електромашинско училиште во Штип

Силниот ветар со брзина од над 75 километри на час оштети дел од кровот на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Нема повредени ученици и наставници, наставата се одвива без проблеми.

Низ населбите во Штип има и откорнати дрва, паднати гранки, а има и пријави на оштетени автомобили. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вели дека досега имале околу 20 интервенции, додека пак штипските Пожарникари имале четири интервенции, на паднати дрва, две во близина на средното училиште „Коле Нехтенин“, една на местото кај Четвртиот километар и една интервенција кај детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип. Според исвестувањата на УХМР има портокалов предупредување за ветер. Исто така се апелира граѓаните да бидат внимателни и да не се движат на места каде има високи дрва со цел да се заштитат.

извор: телма