Силен дожд синоќа го зафати Истанбул, поплавени делови од градот

Силен дожд синоќа ги зафати истанбулските населби Арнавутќој и Башакшехир, јавува Анадолу.

Невремето проследено со пороен дожд ги зафати северните делови од градот, што предизвика проблеми во сообраќајот.

Голем број пожарникари беа упатени во тие подрачја по дојавата за поплави во многу домови и деловни објекти.

Поројниот дожд предизвика поплави и го запре сообраќајот во населбите Арнавутќој и Башакшехир. Некои граѓани се обидоа да ги спасат своите возила од надојдената вода.

На патот кон аеродромот во Истанбул имаше вода и возилата се движеа отежнато.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.