Силен земјотрес од 7,6 степени во Јапонија, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на централна Јапонија.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами долж западните крајбрежни области на префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама.

Се верува дека цунами со бранови високи до 5 метри ќе стигне до Ното во префектурата Ишикава, според метеоролошката агенција.

Бранови високи повеќе од еден метар го погодија брегот на градот Ваџима во префектурата Ишикава, објави NHK.