Метеоролошката служба соопшти дека тајфунот се очекува денеска да го погоди јапонскиот брег на Пацификот во близина на Токио и предупреди на можни поплави, излевање на реки, лизгање на земјиште и силни ветрови, особено во регионот Токаи во централниот дел на земјата.
Прва на удар ќе биде префектурата Шизуока.
Тајфунот моментално се наоѓа на 200 километри југозападно од Шизуока и се движи кон север со брзина од 20 километри на час. Се очекува тајфунот да биде над североисточниот брег до утре наутро, а потоа да се движи североисточно во Тихиот Океан.
vesnik.mk