Силниот земјотрес во Албанија почуствуван и во Дубровник

Синоќа околу 22:30 часот во Албанија се случи земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала на 29 километри од Тирана.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километри, а корисниците на EMSC известуваат дека е почувствуван дури до Сараево, Скопје, па дури и до Дубровник.

„Многу силно тресење, траеше неколку секунди“, пишуваат корисниците. Луѓето на Твитер пишуваат дека луѓето во Албанија излегле на улица.

 

index.hr