Силно невреме се наближува кон Италија, Словенија и Австрија

Регионот се подготвува за многу силно невреме, поради што највисоко ниво на предупредување за невреме е издадено за северните делови на Италија, поголемиот дел од Словенија и Австрија и западниот дел од Унгарија.

Во овие региони кон крајот на денот се очекува силно невреме и грмежи со пороен дожд и град. Можни се и бури со разорен град, ветрови со урагански сили со брзина од 120 километри на час и силни грмежи.

На некои локации за многу краток временски интервал се очекува силен дожд, поплави и порои.

Со грмежи кон крајот на денот ќе биде зафатен и северозападниот дел на Хрватска, но опасноста е помала во однос на Словенија и Италија.

Но, и овој дел од Хрватска ќе биде погоден од многу пороен дожд и силни грмежи, со локална појава на град.

Сите овие региони се под влијание на циклони од северот на Италија.

 

 

plusinfo.mk