Силјаноска Давкова: Најостро ги осудувам синоќешните инциденти, при што беше сквернавено македонското државно знаме

Најостро ги осудувам синоќешните инциденти, при што беше сквернавено македонското државно знаме. Чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира.
Ваквите постапки не придонесуваат за градење доверба и почит меѓу граѓаните, туку поттикнуваат дополнителни тензии и поделби.
Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти. Надлежните институции треба да спроведат темелна истрага за настанот и да преземат соодветни мерки за одговорните лица, напиша во својата објава на ФБ претседателката Силјаноска Давкова.