Симболот од кој се тресевме до 2001 година, сега како верност кон српскиот свет, вели Георгиевски а подарокот од Антиќ за Вучиќ

Љубчо Георгиевски – екс премиерот и лидер на ВМРО-Народна партија се огласи преку социјалните мрежи по повод подарокот што вчера претседателот на Македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ му го даде на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Георгиевски е револтиран поради симболот на патиките.

„Четири С, многу убав македонски идентитетски поклон од претседателот на Македонската кошаркарска федерација до претседателот на Србија. Симболот од кој се тресевме до 2001 година, а сега како верност кон српскиот свет“ – напиша Георгиевски.

Антиќ вчера се сретна со Вучиќ и му подари патики, а за средбата и двајцата ја информираа јавноста преку своите профили на Инстаграм.

 

 

fokus.mk