Синот на собранискиот претседател Талат Џафери и сопругата на шефот на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Абази, Албулена Абази добија зелено светло од Советот на јавни обвинители, објави Канал 5.
Џафери, кого го следеа многу контроверзи околу тоа дека предвреме полагал правосуден испит е избран за обвинител во гостиварското, а Абази на кичевското обвинителство.
На денешната седница на совет избрани 18 јавни обвинители во 12 јавни обвинителства низ земјава и еден основен јавен обвинител во штипското обвинителство.
Освен во гостиварското и кичевското, нови обвнители беа избрани и за обвинителствата во Битола, Велес, Делчево, Дебар, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово и Свети Николе.