Скајп (Skype), познатата апликација за интернет допишување и телефонски услуги во сопственост на Мајкрософт, објави дека престанува со работа во мај, пренесува Анадолу.
Компанијата ја сподели веста денес преку X, означувајќи го крајот на ерата за платформата која беше пуштена во 2003 година и долго време служеше за лична и професионална комуникација.
„Почнувајќи од мај 2025 година, Скајп повеќе нема да биде достапен“, се вели во соопштението. „Во текот на следните денови, може да се најавите на Microsoft Teams Free со вашиот Скајп профил за да останете поврзани со сите ваши разговори и контакти. Ви благодариме што сте дел од Скајп“.
Во соопштението се наведува дека со Teams, корисниците ќе имаат пристап до истите основни функции што ги користат со Скајп, како што се повици еден на еден, како и групни повици, пораки и споделување датотеки.