Скопје во магична светлина под свеќи – што се случуваше на Мостот на уметноста?

Во пресрет на концертниот спектакл „Candlelight: Timeless“, кој ќе се одржи на 22 март во Македонската филхармонија, многубројните свеќи го осветлија Мостот на уметноста во срцето на Скопје, создавајќи магична атмосфера што го најави овој уникатен музички настан.
Активацијата, која се одржа во четвртокот, привлече бројни минувачи и љубители на класичната музика, кои беа сведоци на несекојдневен визуелен спектакл. Видеото од оваа грандиозна најава го доловува амбиентот и возбудата кои владеат пред концертот што ќе внесе безвременска магија во концертната сала на Филхармонијата.
(ВИДЕО ОД АКТИВАЦИЈАТА

)
Петар Пејчиќ: Виртуозот кој со нетрпение го очекува својот прв настап во Македонија
Еден од најдобрите млади виолончелисти во светот, Петар Пејчиќ, за првпат ќе настапи пред македонската публика. Со својот исклучителен талент и меѓународни признанија, Пејчиќ е веќе значајно име на светската класична сцена, a веќе со години го привлекува светското внимание со својата виртуозност, музикалност, неверојатна техника, сценски изглед и харизматична изведба. Toj е награден на неколку престижни меѓународни натпревари, вклучувајќи го Вториот меѓународен натпревар на Кралицата Елизабета, и е дел од програмите на престижни академии и фондации.
„Навистина сум возбуден што ќе настапам во Скопје за првпат! Ова ќе биде исклучителна вечер исполнета со неверојатна музика, емоции и посебна атмосфера. Со нетрпение очекувам да ја споделам сцената со врвниот камерен оркестар Профундис и да ја почувствувам енергијата на македонската публика“, изјави Пејчиќ.
(ВИДЕО ОД ИЗЈАВАТА НА ПЕТАР

)
Програма на концертот – безвременски дела и ексклузивна изведба на свитата „The Hours“
Овој концерт ќе понуди богат и внимателно одбран репертоар, кој ги обединува класичните ремек-дела со современи маестрални композиции. Посебен акцент е ставен на саундтракот од филмот „The Hours“, кој за првпат ќе биде изведен во Македонија.
Филип Глас – саундтрак од филмот „The Hours“ Музиката на Филип Глас за овој филм е пример за минималистичката генијалност што носи длабока емоција и меланхолија. Неговата свита ги води слушателите низ слоеви на суптилна експресија, создавајќи атмосфера што остава длабок впечаток.
Давид Попер – Унгарска рапсодија оп. 68 Ова дело е вистински предизвик за секој виолончелист – виртуозноста и драматичните мелодии ја прават рапсодијата динамична и незаборавна.
П.И. Чајковски – Рококо варијации Инспирирани од класичниот стил на Моцарт, овие варијации се елегантна и виртуозна демонстрација на виолончелистичката уметност.
Концертот под свеќи „Candlelight: Timeless“ ветува музичка вечер исполнета со магија, емоции и врвна уметност. Со безвременскиот саундтрак од „The Hours“, извонредниот Петар Пејчиќ и најдобриот македонски камерен оркестар Профундис, овој концерт е настан што не смее да се пропушти. Влезниците се веќе во продажба преку мрежата на МКТикетс како и онлајн, а интересот е огромен – осигурете го вашето место на време и бидете дел од ова незаборавно музичко патување!
# # #
ИНФОРМАЦИЈА ЗА УРЕДНИЦИТЕ
Доколку сте заинтересирани за гостување во вашата програма поврзано со овој настан, ве молиме да се јавите на 02 5123 156 или на 071 453 252. За сите останати медиа барања, можете да се обратите на [email protected]
ЗА КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР „ПРОФУНДИС“ (МК): Камерниот оркестар „Профундис“ е формиран во 2019 година под раководство на диригентката Ѓурѓица Дашиќ. Од своето основање, оркестарот постави високи стандарди за изведувачка квалитет и креативност во музичката сцена, собирајќи најистакнати македонски инструменталисти од различни генерации. Идејата на „Профундис“ е да создаде професионален камерен оркестар кој ќе се посвети на изведба на сложени и предизвикувачки дела од класичната музика, а во својата програма вклучува и праизведби на дела од современи автори. Оркестарот активно ги поддржува македонските изведувачи и композитори, а со своите настапи ги носи светски имиња од класичната музика, кои го збогатуваат неговиот репертоар.
„Профундис“ е оркестар кој се истакнува по својата иновативност и оригиналност, следејќи ги највисоките стандарди на европските и светски камерни оркестри. Во својата кратка, но богата историја, оркестарот имал настапи во престижни сали и на значајни фестивали, како „Kotor Art“, „Sofia Music Weeks“, „Sorrento Music Festival“ и „Ravanelius“ во Италија, Србија, Бугарија и Црна Гора, а неговите изведби во Македонија веќе се сметаат за културни настани од национално и меѓународно значење.
ЗА ПЕТАР ПЕЈЧИЌ (СРБ): Петар Пејчиќ е еден од најдобрите млади виолончелисти на својата генерација, кој се издвои со својата изведувачка зрелост и креативност. Роден во музичко семејство, своите први часови за виолончело ги започнал со само четири години, а своето музичко образование го продолжил во Германија на Универзитетот за музика и театар „Феликс Менделсон Бархолди“ во Лајпциг, каде што учел под раководство на професор Питер Брунс. Денес, тој е ученик на престижната Академија Кронберг во класата на професор Франс Хелмерсон.
Петар е добитник на бројни награди и признанија на меѓународни натпревари, меѓу кои се и наградата на Вториот меѓународен натпревар на Кралица Елизабета (Белгија), како и победата на натпреварите во Финска и Шпанија. Неговата техника и емотивен израз го поставуваат како еден од најзабележителните млади музичари на сцената. Тој свири на виолончело направено од Ѓузепе Гуарнери „филиус Андреа“ (1694, Кремона), позајмено од страна на институтот „Беарс Интернешнл Виолин Социети“.