Следната седмица и до 25 степени, сепак времето ќе биде променливо и нестабилно!

Во текот на следната седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ и истата ќе услови релативно високи пролетни температури на воздухот, и тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, понекаде тие ќе се искачат  и до околу 20 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие очекувам да се искачат до околу 25 степени.

И во Скопскиот регион во текот на следната седмица ќе имаме значително потопло време со температура која ќе надминува 20 степени. Повремено ќе засилува  и ветерот од јужен и од југоисточен правец, како во Скопје и околината, така  и во останатите предели од нашата Македонија.

Сепак времето ќе биде променливо облачно и не во целост стабилно, па така повремено и локално ќе има врнежи од дожд кои локално би можеле да бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Во текот на следната седмица услови за повремен локален дожд ќе има  и во Скопскиот регион, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk