Следната седмица можност за појава на слана и мраз, предупредување до земјоделците и овоштарите

Сите ние сме сведоци на долг период на невообичаено топло време за овој период од годината, како и со значително натпросечни температури на воздухот. Сето тоа доведе до будење на природата на повеќе места, особено во централните и во југоисточните предели од државава и расцветување на овошките, пишува метеопрогнозеорот Славчо Попоски.