Следуваат врнежи, грмежи и невреме, утрешната ноќ ни носи големо заладување и снег!

Веќе утре (понеделник 17 март) навечер, како и ноќта кон вторник, како и во вторник (18 март) поради продор на многу ладен бран од север ќе дува силен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите за околу, па дури и за повеќе од 20 степени во споредба со сегашните. Врнежите, најпрвин на планините и на повисоките населени места, а потоа  и во градовите, особено во западната половина од нашата Македонија ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка.

И во Скопскиот регион, особено на околните планини, но и во делови од котлината врнежите кои ги очекувам, ноќта кон вторник (18 март) ќе преминат во послаби врнежи од снег. Ќе дува засилен, до повремено силен ветер од северен правец и истиот ќе услови нагло и големо заладување на времето, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk