Словенија ќе ја отстранува оградата од границата со Хрватска

Новата словенечка Влада планира да ги отстрани противмигрантските физички препреки од границата со Хрватска до крајот на годината. Наскоро ќе се направи и оперативен план, а информацијата е потврдена за агенцијата СТА.

Станува збор за еден од приоритетите на Владата, а оперативните детали ќе бидат прецизирани до крајот на месецот.

Како што покажуваат податоците на словенечкото Министерство за внатрешни работи, Словенија кон Хрватска има 135.372 метри панелни дрвени огради и 60.595 метри жилет жица, за чие поставување, досега, потрошени се 23,25 милиони евра. За одржување пак, дополнителни 3,6 милиони.

 

Радио Слободна Европа