Ја гледам сметкава и не им верувам на очиве, си викам ова нуливе на крај мора да ми се причинуваат, вели жителка на Центар, која останала шокирана кога ѝ пристигнала сметка за струја со петкратно зголемување.
Ф-ра за ел. енергија од 148.000 ден. или 2500 евра само затоа што си се греел на струја, а тоа значи, според Таче, си се луксузирал.
А за кражбата да биде уште поголема, пренос и дистрибуција на ел. енергија 38.809 и ДДВ 24.427, што не е ел. енергија.
Дали мислите дека ова е нормално?
#ДимитарКовачевски како е можно лани ова време сметката да не е поголема од 30.000 ден. а само по една година сметката да е за пет пати зголемена?! Иста куќа, исто греење, сѐ е исто. Сега се чудам како да се плати сметкава со 500 евра плата. Значи у наредни 6 месеци платата ќе оди за ЕВН. Ама па тоа не е проблем, 6 месеци нема да јадеме ништо, нема да купуваме ништо, едноставно нема да живееме, или просто кажано, ќе си умреме, зашто оваа Влада масовно нѐ убива со нејзините штетни и погубни политики.
За да ми биде уште “полесно”, како што ми кажаа од ЕВН, и сметката за јануари ќе ми биде иста ваква. Е сега останува да размислам и да одлучам што да продадам во вредност од 5000 евра за да им ги дадам на ЕВН, пошто нели мора да се плати струјата по новите цени и тарифни блокови.
А за тие што не знаат, 3тиот и 4тиот блок нѝ го пресметуват по цена повисока од индустриската, иако се работи за потрошувачка во домаќинство.
И за крај, никако не смееме да ја заборавиме субвенцијата од Владата 91,51%, значи сум потрошила 5000 евра електрична енергија за месец декември со некое порамнување зашто не дошол никој да прочита струјомер.
Ти благодарам Димитар Ковачевски за “прекрасниот живот” во нашава Македонија, пишува таа.