Со количка од супермаркет низ снегот – оваа купувачка во Калифорнија е во потрага по својот автомобил среде снежната бура која го зафати тој дел од САД.
Повеќедневната снежна бура во Сиера Невада, во американската сојузна држава Калифорнија, предизвика големи проблеми. Затворени се патишта и скијачки терени, илјадници домаќинства останаа без електрична енергија. Метеоролозите зборуваат за „екстремна снежна бура“ за овој дел од САД. Бурата почна во четвртокот (29.02), а снег е најавен и за денеска (4.03) и утре.