Снегот што во април падна во подрачјето на Хафик во турската област Сивас, беше изненадување за штрковите и птиците преселници кои ја најавуваат пролетта, известува Анадолу.
Штрковите, кои брзаа да ги изградат своите гнезда на куполата на џамијата Хаџи Изет Орнек, чекаа да престанат врнежите од снег.
Во подрачјето каде што температурата на воздухот се спушти до минус 15 степени, дебелината на снегот достигна приближно 10 сантиметри.
Белата покривка што го опкружи езерото Хафик ги изненади и птиците лиски, патки и дивите гуски.