„Сними ја училницата„ страшен предизвик на Тик Ток за учениците од белградското школо „Рибникар“

Можеш ли да ја снимиш училницата по историја каде што се случи сè, за луѓето подобро да се замислат и подобро да се сеќаваат на тој ден; дали понесовте пиштоли; покажи ни ја училницата по историја… Ова се само дел од грозоморните пораки под видеото на ТикТок на ученик од ОУ „Владислав Рибникар“, кој во средата го снимил враќањето на учениците во училиштето каде тринаесетгодишник уби осум деца и училишниот чувар една недела претходно и рани шест деца и наставничката по историја.

Иако учениците од ова училиште немаат редовна настава, туку разговори со стручни лица и наставници, дел од нив го снимиле нивното доаѓање во училниците. Еден од нив го снимал ходникот на училиштето, учениците како се качуваат по скалите, како и кога седат во училницата со нималку соодветен опис: „Се враќаме во дебиланата „Рибникар“.

Видеото има куп коментари, за жал, меѓу нив имаше и некои, најблаго кажано, налудничави!

-Можеш да снимиш како да си ти она дете, го пукаш чуварот и уште три девојчиња, па влези во кабинетот по историја, плизззз – гласи една од ужасните пораки.

Многумина побарале од момчето да го сними кабинетот по историја каде што се случи злосторството.

– Има некој видео од школото од главните места до влезот во училницата? Не интересира како изгледа местото на инцидентот.

А некои дури ги интересирало и дали ученикот кој го направи масакрот ќе се врати на училиште.

 

vesnik.com