На Балканскиот медиумски форум што се одржа во турскиот град Измир, одлучено е формирање на Балканска медиумска унија за спроведување на студии за спречување на дезинформациите, јавува Анадолу.
Во рамки на проектот на Главната управа за односи со граѓанското општество при Министерството за внатрешни работи, во Измир е организиран Балкански медиумски форум во соработка со Турската асоцијација за интернет медиуми (TİMBİR) и Балканскиот центар за стратешки истражувања (BASAM).
Одржана е тркалезна маса на која учествуваа речиси 100 претставници на медиуми од Албанија, Германија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Романија, Србија и Туркије.
По состанокот соопштено е дека е одлучено да се формира Балканска медиумска унија, во која дел ќе бидат 11 медиумски институции.
Претседателот на БАСАМ, Рифат Саит, изјави дека согласно денешната одлука ќе се формира Балканска медиумска унија, а нејзиниот секретаријат ќе го преземе Измир.
Осврнувајќи се на израелските напади врз Газа, Саит рече дека Израел масакрира луѓе, вклучително и деца во Палестина, пред очите на светот, но дека се обидува да се прикаже како Израел да е во право.
„Тоа е најдобар пример на дезинформација. Истото се случи и во Карабах. Во Туркије одвреме навреме се случуваат истите работи. Овој сојуз ќе работи заедно за спречување на дезинформациите. Но, освен тоа сакаме да формираме заедничка медиумска, новинска и маркетинг агенција на Балканот. За да го постигнеме тоа моравме да создадеме единство, а тоа овде го направивме“, рече Саит.
На присутните им се обратија и гувернерот на Измир, Сулејман Елбан, претседателот на ТИМБИР, Сулејман Баса и претседателот на Управата за односи со граѓанското општество при Министерството за внатрешни работи Фахретин Каја.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.