Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец” околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” депонирани се вреќи со сол и ризла во „Стар Град” .
Со овие активности ќе се продолжи на повеќе локации во градот и руралните места со цел службите и жителите превентивно да реагираат во справувањето со голомразица и снежни врнежи, информира во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.