Две лица загинаа, а шест се повредени кога патнички автобус удри во камион во Чорум, Туркије, пренесува Анадолу.
На автопатот Чорум-Самсун, на границата на турската област Амасија, патнички автобус удрил во камион натоварен со железо по што избувнал пожар.
По пријавата за несреќата, на самото место пристигнале екипи на жандармеријата, полицијата, брзата помош и противпожарната бригада.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот во автобусот.
Повредените со брза помош биле пренесени во болницата „Ерол Олчок“ на Универзитетот Хитит.
Автопатот, кој поради несреќата беше затворен за сообраќај, повторно е отворен по гаснењето на пожарот.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.