Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Ц.(39) и Ќ.Ц.(46), двајцата од Дебар. Пријавените сопружници, во периодот од 2010 до 2022 година, свесно и со умисла, во неколку наврати довеле во заблуда повозрасна жителка од Дебар која, од една банка и 2 финансиски друштва, подигнала кредити и како заем им ги дала на пријавените кои и ветиле дека парите ќе и ги враќале на рати. Пријавените, ги злоупотребиле личните податоци од личната карта на оштетената и од нејзината е-маил адреса, до едно финансиско друштво, поднеле он лајн апликација за добивање брз кредит по што, парите ги подигнале од нејзината трансакциска сметка. Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 777.000 денари.
Related Posts
Автомобил од Косово излета од патот Демир Капија – Неготино
Вчера во 15.20 часот било пријавено дека на патот Демир Капија-Неготино патничко моторно возило „киа“ со косовски национални ознаки управувано…
Од март месец 2023г двојазични униформи, на македонски и албански јазик
Најдоцна до март следната година униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик, најави министерот…
Одбележување на Денот на НАТО – 4 Април
Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија…