Италијанската филмска дива Софија Лорен паднала во бањата во својот дом во Швајцарија па била итно оперирана. Веста ја објави нејзиниот менаџер Андреа Џусти кој рече дека осумдесет и деветгодишната актерка се здобила со сериозни скршеници на колкот и бедрената коска.
„Операцијата помина добро, сега ѝ треба одмор и сѐ ќе биде во ред“, изјави портпаролот на Лорен, додавајќи дека нејзините деца Карло и Едоардо се покрај неа.
Родена во сиромашно семејство во Неапол, Лорен изгради успешна актерска кариера, станувајќи ѕвезда и во Холивуд. Во 1962 доби Оскар за најдобра актерка за филмот „Две жени“, а во 1990 ѝ беше доделен и почесен Оскар. Последниот филм го сними пред три години.
Лорен утре во Бари требаше да присуствува на отворањето на новиот ресторан од ланецот „Софија Лорен“, четврти во Италија, по оние во Милано, Фиренца и Рим.
Американскиот актер Рејмонд Ален Лиота починал денеска во Доминиканската Република додека снимаше нов филм. Актерот имаше 67-годишна возраст, починал во…