Со години си наплаќале 50 денари на нелегален паркинг на заштитено државно земјиште – се обелодени ли нов скандал?

Кој и како дозволува државните земјишта да се узурпираат и на сметка на истите да се профитира, анализира ТВ24, откривајќи дека паркинг простор, кој се наоѓа на самиот влез од Старата скопска чаршија, веќе долги години успева да опстојува на државно земјиште, објави ТВ24.

Но, наместо државата, како сопственик на земјиштето, да води грижа за истото долги години дозволило физичко лице да води грижа за државното земјиште на кое пак си поставил рампа и наплаќа 50 денари од час за секој еден кој решил да го искористи просторот и да го паркира своето возило.

Дека се работи за државно земјиште кое се наоѓа во заштитено подрачје потврдија и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Од таму велат дека физичко лице си дозволил да го узурпира државното земјиште и да постави рампа за паркинг простор.

извор: ТВ24