Со 77 гласа Собранието на Македонија денеска изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека таа ја занемарила и не ја извршувала својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губи легитимитетот да учествува и одлучува во работата на Судски совет.
Претходно на расправата, Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите
– Ова е клучен момент во борбата за владеење на правото, за правдата и довербата во институциите и со овие поднесени интерпелации ние почитувани, не му судиме на судството. Со овие поднесени интерпелации ја детектираме одговорноста на оние коишто требало да бидат коректив, оние коишто требало да носат правда и коишто треба да воспостават она што требаше да биде судска власт, рече тој.
denesen.mk