Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, како што рече, со индигнација го отфрли сето она што деновиве се пласира во јавноста за наводно криење на овој случај, застој во истрагата. Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата, во врска со починатиот хрватски ракометар Денис Тот.
Тој најави дека за едното лице по кое се трага и има централен распис, ќе се распише и меѓународна и домашна потерница, а приведени се две лица учесници во настанот. Официјално во МВР нема податок дека ја напуштил државата.
Полицијата располага со видео снимка на која детално се гледа настанот како се одвива, истакна Спасовски, а од разговор постојат повеќе искази за тоа што била причината за настанот.
– Според изјавите што имаме тоа е некакво лично недоразбирање меѓу девојката и момчето, информира министерот Спасовски.
Спасовски одговарајќи на новинарски прашања нагласи дека информациите дека нема траги на насилство, како што рече, ги добиле и полициските службеници кои работат на овој случај.