Спречени обиди за шверц на моторцикл, тутун, сандали и фалсификувани документи

Царински службеници во Царинската испостава Струмица запленија моторцикл Априлиа откако по поднесената увозна декларација со сите пропратни документи било увидено дека се работи за друг моторцикл за кој увозникот не поседувал никаков документ. Против сторителот е покрената прекршочна постапка.

Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило управувано од македонски државјанин заплени 5.476 парчиња игли, мастила, и други алатки за тетовирање за коишто возачот не поседувал никаква документација. Стоката е откриена во четири пакети кои се наоѓале во кабината на возилото на горниот кревет за кои возачот изјавил дека не поседува увозна документација.

18 штеки цигари без акцизни маркички и 20 кутии тутун од по 30г и 50г, се откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при рентген контрола на чекиран багаж на патник кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. Непријавените кутии цигари се пронајдени кај македонски државјанин кој со себе носел само бугарски пасош. Непријавените цигари се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Царински службеници во два случаи запленија 56 штеки и дополнително уште 9 кутии цигари.

Еден од случаите е откриен во соработка со МВР, при што запленети се 44 штеки цигари и 9 кутии цигари без акцизни маркички, пронајдени во близина на граничната линија сокриени во грмушки.

Во вториот случај, запленети се 12 штеки цигари откриени во товарно моторно возило товарено со стока пријавена за увозно царинење.

 

 

 

 

4news.mk