Србинка и Босанка илегално им вбризгувале ботокс на жени во Виенa, полицијата упаднала во нивниот стан

Минатата недела полицијата во Австрија упадна во стан во Виена каде Србинка и Босанка имале нелегален салон за убавина каде на жените им се вбризгувале ботокс и филери.

 

Клиенките со денови го напуштаа станот во виенскиот Шимеринг со отечени усни и јаболчници. Тоа било доволно некој од соседството да ја извести австриската полиција за потенцијално нелегални активности во еден од становите. Кога полицијата тропнала на вратата, никој не одговорил. Затоа добиле налог за претрес и се вратиле на адресата, а кога упаднале во станот имале што да најдат.

Имотот бил претворен во нелегален салон за убавина, иако ниту еден од присутните немал дозвола за вршење козметички третмани, ниту пак некој бил на списокот на Австриското лекарско друштво. Се испоставило дека Србинката била „хирург“ кој закажувал прегледи, а Босанката, која е стоматолог, и помагала за време на викендите, кога доаѓала во Австрија. Дополнително, во таа земја е забранета употребата на ботокс (поточно ботулински токсин) и давање филери (како хијалуронска киселина) во областа на козметиката и естетиката од страна на стоматолозите.

 

При претресот на станот кој недолго потоа го извршила полицијата, истражителите ги заплениле сите супстанци кои дуото ги користеле за време на лекувањето, а тоа ќе се користи како доказ во судската постапка.

Дополнително, запленети се и 10.000 евра во готовина, за кои се претпоставува дека се прибавени со незаконски активности.

Уапсените се обвинети за измама, надрилекарство и кршење на Законот за странци.

 

nova.rs