Србин и Босанец претепале маж, а Македонецот само гледал

Констатирани се кривичните дела предизвикување особено тешка телесна повреда и неукажување помош.

Полицијата во Пула ги идентификуваше напаѓачите кои во средата попладне тешко повредија 51-годишен маж пред продавница во Перој. Приведени се 48-годишен државјанин на Србија и 33-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, а против нив е спроведена кривична истрага.

Констатирано е основано сомнение дека сториле кривично дело нанесување особено тешки физички повреди. Инспекторите ги сомничат за кривично дело – неукажување помош, во кое е вклучен и 43-годишен државјанин на Македонија.

Тие не пружиле помош, доведувајќи го во опасност животот на жртвата.

„Државјанин на Србија и државјанин на Босна и Херцеговина се осомничени дека на 12 октомври околу 16 часот и 50 минути пред продавница во Перој физички нападнале 51-годишен маж и му нанеле тешки повреди. Откако повредиле го и видел дека е во лоша здравствена состојба, не му пружиле помош што му го загрозило животот.

Утврдено е и дека државјанин на Босна и Херцеговина, откако повикал итна медицинска помош, не ги следел телефонските инструкции кои му биле дадени од персоналот, додека државјанин на Северна Македонија не направил ништо за да го спречи нападот врз повредениот“, извести денеска Полициската управа на Истра.

Во петокот попладне, осомничените со кривична пријава се приведени во притвор на СВР Истра/Пула.

 

vecer.mk