Србија не бара ништо, со Македонија сака да има братски и пријателски односи, рече Вучиќ

Имаме постигнато многу резултати, економски, имаме раст на трговската размена и политички немаме отворени билатерални прашања помеѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, а некои од најтешките во нашата историја успеавме да ги решиме и тоа е нешто што донесе промени во изминатиот период, оцени на прес- конференцијата на Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Денеска во Охрид, сакам на нашите домаќини, на браќата и сестри Македонци, да им кажам дека ние од Србија ништо не бараме, од никого, ниту од Северна Македонија, само сакаме да имаме братски и пријателски односи и на нас секогаш може да сметате – изјави Вучиќ, кој изрази благодарност до албанскиот премиер Еди Рама, поради истрајноста и посветеноста да продолжи со работата на „Отворен Балкан“.

Вучиќ оцени и дека сето она што денеска е потпишано ќе придонесе на развојот на односите на трите земји и дека е горд на сето она што досега е сработено во рамки на иниицјативата „Отворен Балкан“.

 

Нова Македонија