Србија го прогласи за персона нон грата хрватскиот дипломат Хрвоје Снајдер, прв секретар во Амбасадата на Хрватска во Белград, пренесува Анадолу.
Се вели дека одлуката е донесена според членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи.
„За време на неговиот професионален ангажман во Република Србија, Снајдер грубо отстапи од рамката на дипломатските норми и ја прекрши споменатата конвенција. Доставена е дипломатска нота до хрватскиот амбасадор Хидајет Бишчевиќ“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Србија.
Се истакнува дека Министерството жали што однесувањето на Снајдер во минатото не придонело за подобрување на односите меѓу Србија и Хрватска.
„Министерството за надворешни работи на Република Србија изразува очекување дека Република Србија и Република Хрватска ќе работат заедно на градење меѓусебна доверба, со цел да се постигне заедничка европска иднина“, се вели во соопштението.
Србија и Хрватска ќе работат на градење меѓусебна доверба, со цел да се постигне заедничка европска иднина, соопшти српското МНР.
извор:Анадолу.
фото: Анадолу.