Средба на министерот Тошковски со државниот секретар за внатрешни работи при Владата на Обединетото Кралство, Симон Ридли

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари средба со делегација на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска предводена од државниот секретар за внатрешни работи при Владата на Обединетото Кралство Симон Ридли и британскиот амбасадор во нашата земја, Н.Е. Метју Лосон.
На средбата беше истакната досегашната соработка помеѓу двете страни во борбата против сите видови криминал, посебно против илегалната миграција и транснационалниот организиран криминал, а посебен акцент беше ставен на капацитетите и заедничкиот одговор против криминалот кој не познава граници.
На средбата министерот и државниот секретар потпишаа изјава за соработка на двете министерства во борбата против организираниот криминал, со која се потврдува важноста на билатералните односи и заедничкиот интерес за блиска соработка во борбата против сериозен организиран криминал, со цел заштита на граѓаните на двете земји.
Двете страни ги анализираа и очекувањата и предвидувањата за тековите на илегалната миграција во блиска иднина со нагласок дека граничната безбедност треба да биде заеднички приоритет.