Средношколците ќе имаат нови учебници, продолжува расправата за концепцијата за гимназиско образование

Се уште се дискутира за предлозите и барањата што стигнуваат во врска со концепцијата за реформи во гимназиското образование, изјави денеска (13 февруари)министерката за образование Весна Јаневска.

Таа додаде дека наставните програми ќе се менуваат од септември, а учениците „ќе имаат нови учебници за средно гимназиско“.

„За концепцијата ќе имаме приближно една година време за да ја стокмиме така како што треба да изгледа и да биде соодветна на програмите од Европска Унија за нашите гимназијалци, кои ќе го продолжуваат школувањето овде, а дел од нив и во странство, да се подготвени на соодветното ниво за понатамошното образование, рече Јаневска.

 

 

slobodnaevropa.mk