Двајца српски државјани биле спречени да влезат во Македонија, и од нив биле запленети транспаренти наменети за протести, дознава НетПрес од извори во безбедносните служби.

Информациите добиени од извори на НетПрес велат дека на граничниот премин Табановце, на 18 март, годинава, македонската полиција запрела такси возило во кое се наоѓале лицата Градимир Цветановиќ и Мирјана Перишиќ, двајцата државјани на Република Србија.

Со нив во возилото тие имале транспаренти наменети за собирот на плоштадот во Скопје, одржан во вторникот, поточно на 18 март.

Македонската полиција ги спречила српските државјани во намерата и не им дозволила влез во Македонија, а транспарентите им биле запленети.
