ССМ со порака да се зачуваат работничките права пропишани во Законот за работни односи

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во соопштение до медиумите во пресрет на денешната седница на Уставниот суд, на која како што е најавено ќе се одлучува за „60 работни часови од Законот за номинирање стратешки партнер“, потсетува дека мора да се зачуваат работниците и работничките права пропишани и загарантирани во Законот за работни односи и Колективните договори утврдени преку социјален дијалог помеѓу Владата, работодавачите и синдикатите.

Уставните судии, како што е најавено на денешната седница ќе треба да одлучува, по поведената постапка за оценување на уставноста на член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, во која се оспорува одредба од членот 12 во кој меѓу другото е опфатено дека „работното време на секој работник во текот на целиот циклус на Проектот може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.

nezavisen.mk