Деветгодишното дете кое во вторникот падна од прозорец на зграда во скопската населба Кисела Вода и натаму е во стабилна состојба, но со повреди на повеќе органи.
– Детето е на интензивна нега со стабилни витални параметри. Има повреди на главата, рамото, белите дробови, фрактури на ребрата и карлицата. Дише самостојно со кислородна поддршка, а засега нема потреба од оперативен зафат, информираше в.д. директорот на Клиниката за детска хирургија, д-р Лазар Јовчески.
Тој нагласи дека, иако состојбата е стабилна, лекарите се претпазливи поради сериозноста на повредите и деновиве се прават дополнителни испитувања.
Инцидентот се случил во вторникот околу 19:40 часот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека 69-годишна жена загинала на самото место, додека детето било итно пренесено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Засега нема информации за причините за несреќата.
skopjeinfo.mk