Британскиот премиер Кир Стармер на онлајн состанок на светските лидери изјави дека рускиот претседател Владимир Путин мора да престане да ја напаѓа Украина и да се согласи на примирјето предложено од САД.
Зборувајќи со околу 25 претежно европски лидери на виртуелниот самит на 15 март, Стармер повика да се задржи притисокот врз Москва и рече дека тие мора да бидат подготвени сами да го бранат секој мировен договор.
„Ако Путин е сериозен за мирот, тоа е многу едноставно: тој мора да ги прекине своите варварски напади врз Украина и да се согласи на прекин на огнот“, рече Стармер на видео повикот, во кој беа вклучени и лидерите на Канада, Австралија и Нов Зеланд, но не и САД.
„Мораме да продолжиме да притискаме напред, да се подготвуваме за мир и мир кој ќе биде сигурен и кој ќе трае“, рече тој.
Додека Русија, САД и Украина се расправаат околу предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за непосреден 30-дневен прекин на огнот, се очекуваше Стармер да побара конкретни понуди за логистичка, финансиска или воена помош за Киев на состанокот на „коалицијата на подготвените“.
slobodnaevropa.mk