Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се младенци на годинашната „Галичка свадба“

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зет на годинашната „Галичка свадба“, најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас која ќе се одржи претстојниов викенд. Младенците ќе се венчаат в недела, 14 јули, во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди.
Галичко потекло има невестата Стефана, која на прес-конференција денеска рече дека е преплавена од емоции, чувствува среќа и возбуда и е почестена што со Даријан годинава ќе бидат младенци на Галичката свадба.
Како што рече, потеклото и е галичко по двете баби кои се родени таму, од фамилиите Чаловски и Веновски, а веќе десет години учествува на „Галичката свадба“ носејќи ја носијата на прабаба ѝ Докија Чаловска.
slobodnaevropa.mk