Стефковски: Заврши проверката, дојавите за бомби во Гази Баба се лажни

Во објава на својата официјална страна на фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека завршија безбедносните проверки за дојави за поставени бомби во општински основни училишта.

Во објавата градоначалникот Стефковски пишува:

Дојавите за бомби во училиштата во Гази Баба се лажни.

Во овој момент завршија безбедносните проверки во општинските основни училишта на нашата територија во кои утрово имаше дојави за бомби.

Ја информирам јавноста дека по спроведените проверки е утврдено дека сите дојави за поставени бомби во основните училишта во Гази Баба се лажни.

Им благодарам на директорите, наставниот персонал и сите вработени во училиштата за нивната професионалност при спроведување на протоколите за вакви случаи.

Сите дечиња за многу кратко време по лажните дојави беа евакуирани од просториите на училиштата.

Им благодарам и на сите родители за соработката со училиштата и се надевам дека вакви појави во иднина нема да ни се случуваат. – напиша Стефковски.

извор: ФБ Бобан Стефковски