ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше и начинот за предлог на нова влада без да бидат разрешени досегашните министри, но и новопредложените членови на кабинетот на Ковачевски, особено во ресорот Правда.
За предложениот министер за правда Кренар Лога, портпаролот Наум Стоилковски рече дека неговиот брат е осомничен за убиството на Дилавер Бојку Леку, злосторство кое се уште не е расветлено.
Бојку-Леку беше повеќе пати осудуван за тешки кривични дела како проституција и нелегално оружје, а по отслужената казна и повеќе фамилијарни пресметки со семејството Лога, тој беше ликвидиран пред негов угостителски објект во Струга.
Стоилковски пак за предлогот Викторија Мадиќ од СДСМ да биде заменик на министерот за правда Лога од Алтернатива рече дека таа како поранешен секретар во Скопје е позната во јавноста поради тендерите од 4 милиони евра кои ги добил нејзиниот зет.
Лога е досегашен член на ДИК кој беше избран во Собранието без никакви проблеми од страна на пратениците.
фото: Архива