„Да ја потсетам ДКСК дека еве веќе точно 6 месеци откако во јуни од Општина Гази Баба новата општинска власт во Гази Баба до ДКСК поднесе претставка за залудно потрошени над 2 милиони денари, една афера која јас ја извадив на прес конференција уште во октомври месец за новинари и експерти за социјални мрежи како и еден продукциски тим кои потрошиле над 2 милиони денари а немаат поднесено никаков извештај за она што е сработено ниту има некаков видео материјал поднесено“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.
Тој посочи дека од тогаш поминати се 6 месеци, а нема никаков резултат за овој случај кој не е ни малку банален ниту мал. Еве еден показател каква е борбата со корупцијата во Македонија.
„Ангажирани без никаков извештај кои земал над 1 милион денари бил Бојан Кордалов експерт за социјални мрежи, околу над 347 илјади денари Љубиша Станковиќ и Санта Аргирова, режисерот Томислав Живковиќ над 278 илјади денари договори во изборна година потпишани од поранешниот градоначалник на Гази Баба Борис Георгиевски“, кажа Стоилковски.
Стоилковски додаде дека се уште нема никаква реакција за поднесената претставка од јуни месец.
„Во јуни беше поднесена претставка, во октомври споменав на прес конференција дека се изминати 3 месеци а нема никаква реакција од таму како и за оние четворица кои земале половина милион денари за проект филм документарна серија убавините на Гази Баба од кој нема апсолутно ништо ни снимка ни извештај“, изјави Стоилковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на утрешната средба во Тирана на која ќе присуствува ДУИ.
„Прашање е дали таму во Тирана ќе се збори и Али Ахмети ќе ја објаснува нивната зелена агенда или ќе се вратат од таму и ќе му се стави на маса некоја нова платформа на неговиот помошник Димитар Ковачевски“ , изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски посочи дека нема друго што би се зборувало во Тирана во однос за македонските прашања, а само СДСМ да нема никаков проблем со тоа, ниту некаква реакција зошто за прашањата кои се однесуваат за Македонија претседатели на политички партии од Македонија одат на консултации во Тирана.
„Единствен договор и платформа која треба да е направена помеѓу партиите во Македонија е договор за обединување против криминалот и корупцијата со договор за предвремени парламентарни избори некаде во мај“, вели Стоилковски.
Стоилковски потенцираше дека Али Ахмети ќе дојде од Тирана и ќе му ги стави на маса на неговиот послушник Димитар Ковачевски она што треба да го исполни од Тирана во однос на бизнис интересите и релациите.
„Она што го прави Али Ахмети е јасно дека има две машни вратоврски во своите раце едната е на Димитар Ковачевски кој му ги исполнува нивните бизнис желби и апетити на ДУИ како партија да стане помоќна, а втората машна е онаа на Димче Апасиев кој мора да глуми патриот со даден залак за заедно да функционираат низ општините во Македонија против добробит на граѓаните“, кажа Стоилковски.
извор: ВМРО ДПМНЕ