Столтенберг: Шокантни слики од Истанбул, НАТО е со Турција

Во Истанбул денеска се случи страшна експлозија во познатата улица Истиклал во која загинаа шест лица, а 53 се повредени.

По нападот зборуваше и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Шокантни слики од Истанбул. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите и турскиот народ. НАТО се солидаризира со својот сојузник Турција – напиша Столтенберг на Твитер.

извор: TWITTER