„Многупати имам говорено на оваа тема, и впрочем мислам дека нема тема или точка во Парламентот било на Пленарна седница или на комисиска седница каде што не можеме да не се надоврземе и да ја споменеме темата корупција бидејќи е општо присутна во нашиот систем“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
Стојаноска потсети дури и на фамозното прислушкување на телефонски разговори на јавните обвинители во 2019-тата година кога Оливер Спасовски рекол дека не фукционирал системот. Но, изгледа власта заборава дека системот во државата го сочинуваат луѓето кои што ја водат државата. И за шест години како СДСМ е на власт досега да воведе реформи со кои што нема да има толкава корупција и криминал во Македонија.
„Зарем шест години се малку за да тие докажеа или покажеа со еден чекор, јас не велам дека справувањето на долгогодишна корупција може да се случи за преку една година или пак две. Но, ние не видовме дека тие имаат таков мотив за справување со корупцијата. Напротив, тие се здружија со корупцијата и да не кажам дека се едни од главните улоги во креирањето на коруптивниот систем во државата“, нагласи Стојаноска.
Таа посочи дека Извештајот на „Фридом хаус“ ја потврдува несериозноста на власта за справување со корупцијата.
„Вчера во Собранието започна расправата по однос на Извештајот на Европската Комисија за 2022 година. Ние секојдневно ги гледаме нашите сограѓани, нема насмеани лица, нема луѓе кои што се задоволни кога излегуваат од некоја државна институција или здравствена институција. Јавното здравство ни е колабрирано. Имаме страшна недоверба во институциите. Сето тоа се таложи“, појасни пратеничката.
Стојаноска рече дека поради корупцијата која што од ден во ден станува се поизразена, во Македонија нема странски инвестиции. Домашните и странските инвеститори заглавуваат во државните коруптивни лавиринти, бирократијата.
извор: ВМРО ДПМНЕ