„Почитувани колеги пратеници ова е нашето предлог законско решение за намалување на акцизите во износ од 50%, нешто за кое што зборувавме многу интензивно изминативе две недели. Верувам дека треба да го прифатите од една здраво разумна и економска логика по која што согласно вашето предлог законско решение во моментов кое што е би кажал синтетизирано по она колку е цената на нафтата на светските берзи по таа цена и вие ги ослободувате граѓаните од акцизата. Во моментов нафтата, барел нафта на светските берзи е 108 долари, што според вашето законско решение во моментов македонските граѓани ќе бидат ослободени од еден денар за лита на нафта“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.
Стојаноски додаде дека со законското решение на ВМРО-ДПМНЕ кое што го предлага граѓаните за литар нафта ќе бидат ослободени од 9 денари, а за литар бензин ќе бидат ослободени од 13 денари.
„Но, според нашето законско решение кое што ние го предлагаме на денешнава седница е граѓаните за литар на нафта ќе добијат ослободување од девет денари, а за литар бензин ќе добијат ослободување по основ на давачки на акциза од 13 денари. Што е многу повеќе од тоа што вие го нудите како законско решение“, заклучи Стојаноски.
Стојаноски посочи дека за транспортерите на кои што основна дејност им е транспортот со законското решение на ВМРО-ДПМНЕ во моментов за ЕУРОСУПЕР 95 ќе плаќаа 68,6 денари, а според законското решение на СДСМ ќе плаќаат 78 денари. А, за ЕУРОСУПЕР 98 според законското решение на ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќаат 70,4 денари, а според законското решение на СДСМ ќе плаќаат 80,4 денари. За дизел транспортерите по законското решение на ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќаат 73 денари, а според законското решение на СДСМ плаќаат 80 денари.
„Ве молам заради доброто на граѓаните и стопанството прифатете го ова законско решение, за да можат цените на горивата да паднат за пристојни цени, а по еден денар како што е сега. По сегашното законско решение денеска вие ги ослободувате граѓаните и стопанството по еден денар за литар, а по нашето законско решение како што е предложено сега ќе ги ослободиме 9 или 13 денари од литар“, нагласи Стојаноски.