Во обид да се стави крај на континуираниот раст на цените, властите најавуваат строги инспекциски контроли, а отворена е и истрага за можна ценовна манипулација од страна на неколку маркети. Дали новите владини мерки за ограничување на маржите конечно ќе дадат резултат?
Државниот пазарниот инспекторат (ДПИ) неделава прави масовни проверки со цел свој капацитет од над 100 инспектори, дали маркетите и продавниците ја почитуваат мерката за ограничување на маржите. Истовремено, во тек е постапка на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) која утврдува дали четири големи маркети заедно со Сојузот на стопански комори (ССК) се договарале да влијаат врз цените.
Комисијата за заштита на конкуренцијата за Радио Слободна Европа потврди дека се води постапка против четири компании за наводно „картелско договарање“. Овие компании можат да се соочат со казна до 10 проценти од нивниот приход остварен во претходната година, што би значело десетици милиони евра.
Порталот „Само Прашај“ објави документи кои покажуваат дека Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) месецов започнала две прекршочни постапки:
Првата од 20.02.2025 е за четири големи маркети – ВЕРО, Тинекс, КАМ и Рептил – заедно со Сојузот на стопански комори (ССК), кои како што е наведено во документот „склучиле забранет договор за влијание врз цените“, што според Комисијата претставува нарушување на конкуренцијата.
slobodnaevropa.mk