Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, а од денес пристигна  и во Македонија  и донесе снег на планините, особено во западните  и во северозападните предели од Македонија. Во продолжение погледнете ја снежната бајка која доаѓа од Лабунишки Бачила, Јабланица, Струшко

Снег има и на Скијачките центри, односно на Попова Шапка.

Врнежи од дожд и снег на планините ќе има  и денес, како и во следните денови, особено за време на викендот кога очекуваме нови поинтензивни врнежи. На планините, особено на оние со поголема надморска височина, и особено во западните  и во северозападните предели ќе се формира  и снежна покривка, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk