Студентите и пензионерите парично ќе се помогнат со по 100 eвра во Косово

Вработените во јавните служби во Косово ќе добијат помош од 50 евра, а вработените во јавните претпријатија и пензионерите еднократна помош од 100 евра, најави премиерот Албин Курти.

Наведувајќи дека инфлацијата го „отежна животот на граѓаните“, Курти рече дека новиот пакет поддршка треба да им овозможи на граѓаните полесно да се соочат со поскапувањата.

„Пензионерите ќе добијат еднократна сума од 100 евра, додека за еден месец ќе ја удвоиме помошта за семејствата на социјална помош“, рече Курти.

Тој оцени дека на инфлацијата најмногу влијае врз приватниот сектор, каде според Курти работат 80 отсто од вработените во Косово.

infomax.mk